Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,47 % во однос на одлуката од 7.11.2022 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините 0,137 %, кај дизелот 3,126 %, кај екстра-лесното 2,802 % и кај мазутот намалувањето е 1,142 %.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,766 %.
Малопродажната цена на „евродизелот (Д-Е V)“се намалува 2,50 денара/л, а малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се намалуваат 0,50 денари/л.
Малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува 2,00 денара/л.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува 0,806 денари/кг и сега ќе изнесува 49,189 денари/кг.
Од 15.11.2022 година, од 00.01 часот. максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин „евросупер БС-95“ 93,50 (денари/литар)
Моторен бензин „евросупер БС-98“ 96,00 (денари/литар)
Дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ 96,00 (денари/литар)
Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1)“ 91,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 49,189 (денари/килограм)
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00.01 часот на 15.11.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт може да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.